Со голем ентузијазам и посветеност, искусни новинарски имиња од областа на автомобилизмот решија својата работа да ја крунисаат со основање на здружение кое ќе помогне за подигнување на севкупната сообраќајна култура во државата.
Идејата на Агрон Сулејман, Зоран Коцев и Горан Антевски се преточи во проект кој претенциозно го нарековме АвтоМобилност.
На нашето општество му е потребен ефикасен, еколошки и над сé безбеден сообраќај. Свесни за состојбите ќе се обидеме нашето иксуство да го преточиме во конкретни активности со кои веруваме дека ќе успееме да влијаеме на сите сообраќајни чинители.
Постигнувањето на таа цел е сложен процес во кој треба да се изоди сериозен пат и во кој ќе бидат вклучени бројни општествени чинители.
Штом се напушти куќниот праг, секој станува учесник во сообраќајот. Оттука започнува нашето учество во сообраќајот, процес во кој сите ние, на еден или на друг начин, учествуваме.
Придржувањето кон пропишаните правила и прописи е еден од главните предуслови за наше безбедно пристигнување до посакуваната дестинација. Тоа е одговорност на секоја личност. Условите под кои се одвива тој сообраќај, пред се зависат од инфраструктурата за која се одговорни надлежните државни органи.
Под нивна ингеренција спаѓа и широкиот спектар на одредување на техничките услови за транспортните средства.
Веќе од овие неколку фактори може да заклучиме дека говориме за извонредно сложен систем кој би требало прецизно да функционира за да не се претвори во неконтролиран хаос.
Токму со влијание врз сите чинители, ние во АвтоМобилност мислиме дека можеме да дадеме драгоцен придонес во подобрување на нашите сообраќајни услови.
По сила на приликите повеќе од една година сообраќајот се одвива во епидемиски услови. Со кои предизвици се соочуваме во сообраќајот?
повеќе »Јавното претпријатие за државни патишта ја донесе програмата за работа за 2021 година тешка повеќе од 370 милиони евра
повеќе »Во услови на вонредна состојба воведена поради пандемијата на коронавирусот, автомобилските увозници имаат шанса на дело да ја покажат својата општествена одговорност, но додека едни помагаат, другите се однесуваат „како да не се од тука“!
повеќе »Скоро 12 години откако беа воведени во Европа и 10 откако се задолжителни за сите возила, Македонија размислува да ги воведе Еуро 5 стандардите
повеќе »На 24 декември сега веќе минатата 2020 година стапија на сила измените на законот за безбедност на сообраќајот на патиштата за кои јавноста многу малку знае
повеќе »Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска имаше работна средба со претставниците на невладината организација „Автомобилност“, Агрон Сулејман и Горан Антевски, на која се разговараше за начинот за подобрување на безбедноста во сообраќајот
повеќе »Националното жири за избор на автомобил на годината во Македонија, кое годинава по 26-ти пат ја организира најстарата манифестација од ваков вид кај нас, ги објави резултатите од годинешниот избор
повеќе »Од министерството за економија повторно стигнуваат најави за подигнување на нормата на загадување која ќе биде дозволена при увозот на користени возила
повеќе »Сообраќајната полиција која го интензивира своето присуство на терен очигледно дава резултати. Но дали е тоа доволен услов за трајно зголемување на безбедноста?
повеќе »Од 15 ноември до 15 март според нашите закони трае обврската за носење на зимска опрема, но постојниот закон има сериозни недоследности
повеќе »Од министерството за економија повторно стигнуваат најави за подигнување на нормата на загадување која ќе биде дозволена при увозот на користени возила
повеќе »Пазарот на автомобили во државата е жилав и не потклекна дури ни кога целиот континент беше затворен
повеќе »Во време кога светот сé уште се нема изборено со пандемијата при што сообраќајот е речиси замрен, природата доживува препород
повеќе »On Board, Dash Cam или најблизу до нашиот јазик внатрешните камери од ден на ден стануваат сé попристапни и поквалитетни уреди за персонално снимање и меморирање на условите во кои се одвива сообраќајот
повеќе »Што точно се крие зад поимот електрификација на автомобилите и чуму служи правењето на технолошка револуција
повеќе »Раководството на новоформираниот Stellantis непријатно ги изненади своите продажни партнери - им ги раскинува договорите
повеќе »Под притисок на ефикасноста, а подгреано со засилената електрификација, BMW ќе укине доста од сегашните погонски варијанти на моделите кои ги произведува
повеќе »По сé изгледа соработката која ја имаа Renault и Nissan со Daimler ќе заврши со продажба на уделот кој алијансата го има во германскиот гигант
повеќе »Со цел да се намали бројот на смртно настрадани лица во сообраќајот, шпанските власти воведоа драстични ограничува на брзината во градовите
повеќе »Три цилиндри распослани на зафатнина од 10,6 литри способни да ослободат 450 KS а притоа да ја задржат еколошката пристојност. Делува нестварно, ама веќе функционира!
повеќе »После две години принудна пауза, организаторите на салонот на автомобилите во Женева најавија негово враќање идната година
повеќе »Пандемијата се вовлече во сите пори на нашиот живот, но некои нејзини последици не можеа да ги замислат ниту најкреативните сценаристи на холивудските приказни
повеќе »Заради и интерно преструктурирање и оптимизација во работењето, австриската нафтена компанија OMV има намера да се повлече од Словенија
повеќе »Словенците се загрижени - просечната старост на возниот парк во земјата постојано се зголемува
повеќе »Карлос Саинц кој од оваа сезона седна зад управувачот на Ferrari ги објаснува (речиси) сите функции на многубројните копчиња кои му се на располагање
повеќе »Еден од посериозните недостатоци на електричните автомобили е автономијата и сосема е разбирливо зошто производителите се натпреваруваат кој ќе понуди поголеми батерии
повеќе »