Според новите правила генералното ограничување на улиците во шпанските градови е 30 километри на час. Тоа ќе важи за сите улици кои имаат по една коловозна лента во секоја насока, додека на оние на кои тротоарот е на исто ниво со коловозот ќе може да се вози само 20 km/h. Малку побргу, односно исто како и досега - 50 km/h, возилата ќе се движат по булеварите, односно по оние улици кои имаат по две или повеќе коловозни ленти во една насока.
Според анализите, во девет од десет сообраќајни несреќи во кои брзината била поголема од 50 km/h, ранливите учесници во сообраќајот - велосипедистите и пешаците, го губат живот. Ако пак брзината е 30 km/h, тоа се случува во само една од десет несреќи.
линкови