После две години принудна пауза, организаторите на салонот на автомобилите во Женева најавија негово враќање идната година

Geneva Motor Show.jpg
објавено на 29 мај 2021 година
  

Последиците од забраната на швајцарските власти за одржување на салонот во Женева во 2020 година три дена пред неговиот почеток, по сé изгледа се надминати. Организаторите на салонот испратија јавен повик до изложувачите да го пријават својот интерес за да можат да започнат да го планираат настанот.

Но за разлика од лани кога сите лоши детали за проблемите со кои се соочија беа познати, сега нема ниту збор за тоа како се надминати. Наместо тоа, тие за овој најпознат автосалон во светот најавуваат нов датум - тој сега ќе се одржи две недели порано - од 19 до 27 февруари 2022 година. Подготвен е и нов формат за целата манифестација, за која засега се знае само дека ќе претставува возбудлива еволуција на изложбата која значително ќе се разликува отколку досега. Што точно мислат со тоа први ќе бидат запознати потенцијалните изложувачи а потоа и јавноста, заради што повеќе детали се најавени за наредните недели.

линкови

Geneva Motor Show

  

❮  сите актуелности од светот