Националното жири за избор на автомобил на годината во Македонија, кое годинава по 26-ти пат ја организира најстарата манифестација од ваков вид кај нас, ги објави резултатите од годинешниот избор

„Citroen C4 автомобил на година во Македонија
објавено на 5 март 2021 година
  

Националното стручно жири за избор за автомобил на годината во Македонија своето 26-то издание го одржа во услови силно детерминирани од пандемијата. Но и непредвидливите ковид-19 услови не беа пречка за задржување на традицијата на изборот кој е со најдолга историја не само кај нас туку и на Балканот.

Годинава во финалниот избор влегоа осум новопристигнати модели кои рамноправно учествуваа во борба за најпрестижната автомобилска награда во нашата држава. Помеѓу Citroen C4, Land Rover Defender, Nissan Juke, Peugeot 2008, Škoda Octavia, Seat Leon, Toyota Yaris и Volkswagen Golf според гласовите на членовите на националното жири, титулата „Автомобил на годината во Македонија“ ја понесе Citroen C4.

Citroen C4 автомобил на година во Македонија

Освен главната награда беа поделени и други признанија:
SUV на годината: Peugeot 2008
EV на годината: Peugeot e-208
Признанието „Томислав Биљарац“ кое се доделува за посебен придонес за развој на автомобилизмот му е доделено на Вилјем Хорват.

Citroen C4 автомобил на година во Македонија

Во годинешниот избор освен членовите на националното жири, еден глас беше доделен од онлајн гласањето на публиката (Škoda Octavia), како и еден глас кој го доделуваат нашите увозници (Land Rover Defender).

објавено во

Избор на автомобил на годината во Македонија

Autoinfo.mk

24auto.mk

Турбо1.Mk

  

❮  сите актуелности од Македонија