Пандемијата се вовлече во сите пори на нашиот живот, но некои нејзини последици не можеа да ги замислат ниту најкреативните сценаристи на холивудските приказни

На Америка ѝ претстои недостиг на гориво
објавено на 28 април 2021 година
  

Аналитичарите на нафтениот пазар во САД предупредуваат дека е на повидок ова лето земјата да се соочи со недостиг на гориво. Причината не е намаленото производство ниту пак зголемената потрошувачка, туку недостаток на возачи на цистерни кои го доставуваат горивото до бензинските пумпи. Имено, ризикот од заболување од Ковид-19 и заострените безбедносни протоколи како последица донесоа голем број од повозрасните возачи едноставно да се повлечат додека сé не помине. Згора на тоа доста авто-школи и тренинг-центри кои ги обучуваат возачите и им издаваат сертификати за управување со цистерни со гориво не работеа долго време или сé уште не работат со полн капацитет.

Сето ова го наруши балансот на потребниот и расположливиот број возачи на цистерни, што веќе се почувствува во некои држави, како што е Флорида. Според националната асоцијација на возачи на цистерни во САД моментално околу 25 отсто од камионите не се користат затоа што нема кој да ги вози. Се очекува проблемот да метастазира во текот на летото, кога дел од возачите ќе здивнат малку и ќе земат одмор во исто време кога и останатата популација на САД ќе го стори тоа, што ќе предизвика намалена добавувачка и зголемена потрошувачка на гориво. Компаниите во моментов се справуваат со проблемот со зголемените надници на камионџиите, што на крај, имало криза или не, ќе влијае за зголемување на цената на горивата низ САД.

На Америка ѝ претстои недостиг на гориво

линкови

National Tank Truck Carriers

  

❮  сите актуелности од светот