Дека воопшто не е едноставна работата на пилотите од формула 1 тоа го знаеме сите. Погледнете ја само таа силна технологија со која треба прецизно да се командува и сé ќе биде јасно. Сепак убаво е во детали да се погледнат сите команди и подесувања кои им стојат на располагање на возачите. Ги има премногу, нели? Секако, но без нив невозможно е да се менаџира така софистициран пакет како што е болид од F1 шампионатот. Мајсторијата се состои во фактот што оперирањето треба да се врши при екстремни брзини и со максимална концентрација на патеката и условите на неа.
линкови