И тоа по шести пат по ред, што го заслужи со ланската продажба на 80.577 примероци и освојување на пазарно учество до 15,1%. Импресивноста на успехот на Ford Mustang е поголема ако се знае дека иако во 2020-тата продажбата му опадна за 27% (од 102.000 примероци полани), тој го зголеми своето пазарно учество за 0,3 отсто. Очекувано, Mustang најдобро се продава во Соединетите Американски Држави (61.090 примероци), а таму пак најмногу го сакаат во Тексас, каде лани за него се одлучиле 8.600 купувачи.
линкови