Apple од 2015 година работи на свое вклучување во автомобилскиот бизнис со автономно електрично возило, проект за кој никогаш официјално не призна дека се спроведува

Hyundai-Apple
објавено на 9 февруари 2021 година
  

Но како и за сé што има во портфолиото - телефони, таблети, компјутери и друго, Apple бара партнери кои во негово име и со негови ознаки ќе го произведуваат она што тие ќе го развијат. Така е и со нивниот замислен автомобил, за кој веднаш по претставувањето на новата E-GMP електрична архитектура му се обратија на Hyundai, поточно на Kia, имајќи ја предвид нивната фабрика во сојузната американска држава Џорџија.

Hyundai E-GMP

Но разговорите за евентуална соработка и договорно производство на iCar прекинаа уште пред да навлезат во сериозна фаза. Apple како и секогаш молчи за сé, но Корејците го потврдија тоа. Причината не ја наведоа ама последиците ги почувствуваа - берзите веднаш реагираа и акциите на двете компании паднаа, со што конгломератот загуби 8,5 милијарди долари од својата вредност. Но тоа нив многу не ги засекира бидејќи претходно кога се дозна дека преговараат со Apple, нивните акции инстантно пораснаа така што всушност сега се враќаат назад таму каде требало да бидат. Раководството на групата Hyundai не беше докрај задоволно што воопшто со преговара со некој за ваква соработка, која според нив не е во интерес на долгорочната стратегија. Корејците всушност никогаш не биле расположени со никого да соработуваат, заради што и имаат огромна вертикална интеграција на производствениот процес - дури и челикот од кој ги прават своите автомобил е нивни.

Што сега ќе прави Apple не се знае, исто како и што не се знаеше ни дека планираат веќе во 2024 година да го лансираат својот автономен електричен автомобил.

линкови

Hyundai Motor Group

Apple

  

❮  сите актуелности од светот