Ако порано разноликоста и нудењето широка лепеза погонски варијанти беше предуслов за успешен пазарен настап, тоа сега повеќе не е случај. Купувачите сé помалку се интересираат за бројот на коњски сили, дизелите загубија на популарноста а преминувањето на струја дава нови перспективи. Како ќе се одвиваат работите на производителите сé уште не им е докрај јасно, но едно доста добро знаат - сегашната понуда не може да опстане затоа што тоа им ја подрива профитабилноста. Затоа ќе се оди на нејзино кратење, кое во случајот на BMW ќе биде доста драстично - дури половина од погонските варијанти до 2025 година ќе бидат укинати.
Кои и кога ќе покаже следењето на интересот на купувачите - оние што се продаваат подобро ќе бидат унапредувани, а оние за кои интересот е помал ќе бидат исфрлени од понудата. Според најавите на раководството на баварската група ќе се следи секој модел засебно, иако е јасно дека дел од заклучоците од еден модел ќе се прелеат и кај другите, можеби и низ целата гама. Исклучоци но само делумно ќе се прават кај М-моделите.
линкови