По сé изгледа соработката која ја имаа Renault и Nissan со Daimler ќе заврши со продажба на уделот кој алијансата го има во германскиот гигант

Mercedes X
објавено на 9 мај 2021 година
  

Поточно, говориме за официјална информација во која се тврди дека Nissan ги продава своите акции што ги поседува во Daimler. Соработката помеѓу алијансата и германскиот гигант е започната во 2010 година. Таа се однесува на широк круг активности кои започнуваат од заеднички развој и производство на мотори, преку развој на мали електрични возила сé до заеднички производствени погони. Финансискиот дел содржи размена на акции во кој Daimler поседува по 3,1% кај двата производители посебно, додека за возврат Renault и Nissan имаат удел по 1,5% во капиталот на Daimler. Во минатото соработката резултираше со отворање на производен погон во Мексико и производство на бензински и дизел мотори (1,33 и 1,5 литри), што од двете страни беше оценето како прескромно во однос на почетните амбиции.

Но сега најпрвин Renault истрча со идејата за продажба на своите акции, а по истите стапки тргна и Nissan. Ако се земе предвид дека моментално акциите на Daimler котираат прилично добро на берзата (над 72 долари), тоа за производителот од Јокохама значи приход од 1,2 милијарди долари. Тој капитал одлично би им дошол знаејќи дека финансиската состојба на Nissan е прилично нестабилна, а пред се ќе им биде добредојден за лансирање на новиот Z400. Кандидати за трошење на тој капитал се и одделите за понатамошен развој на технологија на хибридни возила од програмата e-Power, како и за понатамошен развој на зелените технологии.

линкови

Daimler

Renault-Nissan-Mitsubishi

  

❮  сите актуелности од светот