Скоро 12 години откако беа воведени во Европа и 10 откако се задолжителни за сите возила, Македонија размислува да ги воведе Еуро 5 стандардите

Еуро стандарди
објавено на 27 јануари 2021 година
  

Според министерот за економија Крешник Бектеши претстојат измени во регулативата со кои нема да се дозволи увоз на возила кои не исполнуваат најмалку Еуро 5 стандарди за издувните гасови, воведени во Европа во 2009-тата година. Со тоа се очекува да се намали аерозагадувањето во урбаните средини предизвикано од возилата. За обновување на возниот парк планирани се и неколку мерки за субвенции - за замена на сегашните со возила од најмалку Еуро 5 стандарди, за купување хибридни возила и за вградување на плински уреди.

Плановите за вакви мерки не се ништо ново, но досега не се обезбедија средства во буџетот за нивна реализација. Единствено во 2019-тата беше субвенционирано вградувањето на плински уреди, додека размислувањата за субвенции за електричните возила беа исфрлени во собраниската фаза на донесувањето на тогаш новиот закон за возилата.

Во моментов во Европа важечки се Еуро 6d стандардите за издувните гасови, а во план е воведување на Еуро 7 од 2025 година. Пред Еуро 5 стандардите количината цврсти ПМ честички во издувните гасови не беше регулирана, заради што и DPF филтрите претходно не беа задолжителни.

За повеќе информации кликнете на сликата за поголема

Еуро стандарди

објавено во

Autoinfo.mk

  

❮  сите објави од Македонија