Се повторува ли историјата кога за време на индустриската револуција работниците ги кршеа машините сметајќи дека тие ќе им ги земат работните места?

Ioniq 5
објавено на 10 март 2021 година
  

Можеби не во такви драстични размери, но Hyundai е во дебел спор со синдикатите во фабриката во Улсан околу производството на електричните возила. Имено, синдикалното раководство смета дека електричните возила ја загрозуваат иднината на работниците бидејќи за новиот Ioniq 5 се ангажирани помалку луѓе со помалку работни часови. Познати по својата милитантност, корејските синдикати нема така лесно да се откажат од своите барања, заради што почетокот на производството на новиот Ioniq 5 е загрозен. А на Hyundai според информациите што инцидентно ги има пласирано, му претстои голем пазарен успех со Ioniq 5. За него во Јужна Кореја се собрани 35.000 резервации, а од Европа за една недела пристигнаа дури 236.000 нарачки.

линкови

Hyundai Motor Group

  

❮  сите актуелности од светот