„Автомобилност“ е организација во чија мисија една од целите е подобрување на сообраќајната култура и безбедноста на патиштата. МВР е партнер со кој во иднина треба да се соработува сериозно на подобрување на сообраќајната култура и безбедноста.
„Автомобилност“ работи на едукација на луѓето за сообраќајот, безбедност, правилата и прописите, развивање на свеста за користење на чисти технологии, едукација околу еколошките начини на транспорт и нивното влијание врз животната средина.
Дел од „Автомобилност“ се Autoinfo.mk, 24auto.mk и Турбо1.Mk како партнери кои треба да придонесат за зголемување на сообраќајната свест кај учесниците во сообраќајот, намалување на незгодите и прекршоците и подобрување на сообраќајната инфраструктура.
Според податоците, 2020 година е година со најмал број на жртви во сообраќајните незгоди, но МВР продолжува со мерки и активности за оваа бројка и натаму да се намалува и во 2021 година, а предлозите и идеите од невладините организации во оваа насока секогаш се добредојдени - истакна министерот Спасовски.
Соговорниците го истакнаа видливиот ангажман на сообраќајната полиција на терен, што е многу значајно за реализација на еден од клучните приоритети на МВР и во оваа година - намалување на бројот на сообраќајни незгоди и на жртви во незгодите, а се разговараше и за другите начини како да се подобри безбедноста на патиштата.
Се надеваме дека е ова почеток на една долгорочна соработка која ќе може да придонесе за подобрување на безбедноста во сообраќајот, но и на многу други полиња на меѓусебна соработка.
објавено во
Министерство за
внатрешни работи