Еден од посериозните недостатоци на електричните автомобили е автономијата и сосема е разбирливо зошто производителите се натпреваруваат кој ќе понуди поголеми батерии

EV просечна километража
објавено на 24 април 2021 година
  

Но дали навистина автономијата е пречка за омасовувањето на електричните возила кај купувачите или пак се работи само за психолошко дејство? Одговор се обидоа да дадат аналитичарите од четири американски универзитети – Чикаго, Калифорнија, Дејвис и Беркли преку километражата што сопствениците на поминуваат со своите електрични возила. Нивниот пристап е базиран на строго научна основа, без директна интеракција со возачите за да се избегне нивното субјективно влијание. Имено, тие ја имаат следено потрошувачката на струја во вкупно 57.290 домаќинства кои имаат електрични автомобили и од собраните податоци со екстраполација ја утврдиле врската меѓу зголемената потрошувачка на електрична енергија и поминатите километри.

А резултатот е изненадувачки – електричните автомобили во САД во просек годишно поминуваат за половина помалку отколку класичните автомобили, односно по само 8.500 километри. Или, поинаку кажано, само по 24 километра дневно…

линкови

Комплетна студија

  

❮  сите актуелности од светот