Донесени една седмица пред тоа, во нив на 41 страница се менуваат 219 од вкупно 414-те члена колку што содржи законот, значи секој втори. Измените во огромна мерка се однесуваат за висината на казните кои генерално се намалуваат, со укинување на нивната замена со негативни бодови. Некои казни пак се зголемуваат а има и некои измени кои ќе изненадат многумина, како што е можност за одземање на возилото од страна на полицијата.
Тоа ќе се случи ако полицискиот службеник го исклучи од сообраќај возилото заради утврдување на неговата техничка исправност, но не подолго од три работни дена. Ако пак се покаже дека возилото има техничка неисправност која се однесува на предизвикување на голема бучава или во случај кога тоа не е регистрирано повеќе од шест месеци, се одзема на 90 дена.